Осумгодишниот Џулијан Маланковска се излечил од рак и ги оставил докторите во шок затоа што тие тврделе дека не постои ништо што може да му помогне. Но, се случило чудо.
Ова дете почнало да го победува терминалниот канцер и тоа без никакво лекување.
Семејството на Џулијан вели дека конечно добило нова надеж откако тие “прифатиле дека се на пат без враќање” по неуспешните третмани.
Ова момче во 2011 година оболело од акутна лимфобластна леукемија - во прашање е вид на рак кој се наоѓа во белите крвни зрнца и го уништува телото. Џулијан бил подложен на неколку третмани на хемотерапија и трансплантација на сржта и дури три пати ја победил болеста. Меѓутоа, таа се вратила по четврти пат.
Детето повторно се разболело во 2017 година, а неговото семејство повеќе не знаело што да преземе.
Меѓутоа, со текот на времето неговите крвни резултати почнале да се подобруваат, така што докторите одлучиле да извршат пресадување на коскената срж со цел да видат дали тоа ќе му помогне.
Тестовите покажале дека неговата состојба се подобрува, а лекарите рекле дека нивото на рак во коскената срж било речиси преполовено. Според нив, ова е случај кој се случува еднаш во седум милијарди.
Тие сега тврдат дека болеста на Џулијан е трансформирана во акутна миелоична леукемија – облик на рак кој може да се лекува.