Ова е најнискиот „удар“ до сега: Шајло Џоли – Пит се откажа од својот татко Бред Пит преку весник, има план да се ослободи и од презимето
Шајло Џоли-Пит има план да се ослободи од презимето на нејзиниот татко, пишуваат странските медиуми, i таа тргна по стапките на своите сестри.
18-годишната девојка објави оглас во Лос Анџелес Тајмс за да објави дека започнала петиција да се откаже од презимето Пит. Инаку, известувањето во весник е стандарден чекор пред судот да одобри законска промена на името.
Она што го бара Шајло е да се вика Шајло Новел Џоли наместо Шајло Роман Џоли Пит.
Како што пренесува Page Six, Шајло го упатила барањето на нејзиниот 18-ти роденден во мај, а со тоа испратила порака дека не сака ништо со својот славен татко и дека очигледно е наклонета на нејзината мајка во битката меѓу Анџелина и Бред.
Според извештаите, Шајло сама ангажирала и платила адвокат, па Анџелина нема никаква врска со тоа.
Сепак, извори блиски до Пит сметаат дека под знак прашалник е кој стои зад овој потег, а тој е многу тажен поради одлуката на својата ќерка.
- Никогаш не бил посреќен како кога се родила неговата ќерка. Секогаш сакаше ќерка. Да се потсетиме дека ги загубил децата, се разбира, не му е лесно на Бред. Ги сака и му недостигаат, навистина е тажно – велат извори.
Кој сè се откажа од презимето Пит?
Захара, најстарата и посвоена ќерка на Бред и Анџелина, се претставува како Захара Марло Џоли, што беше забележано при нејзиното воведување во сестринството Алфа Капа Алфа.
Вивиен, биолошката ќерка на Бред, го отфрлила презимето на нејзиниот татко за време на Бродвејската продукција на The Outsiders, каде што глумела помошничка на нејзината мајка. Тогаш таа се претстави само како Вивиен Џоли.
- Навистина е вознемирувачки. Таа ги користи децата како оружје против Бред и ги одвои сите од него. Тоа е целата шема: штом тој победи на суд, таа возвраќа со нешто поврзано со децата.