ОВА Е НАЈПЛАТЕНАТА РАБОТА НА КРУЗЕР: Платата оди и до пет илјади евра

Добивај вести на Viber

Работата на брод станува се поатрактивна опција за оние кои бараат динамични работни места со добра заработка. Различни позиции, од келнери до ИТ специјалисти, нудат можности за заработка кои може значително да се разликуваат во зависност од искуството и стручноста.

Во секторот за ресторани и барови, позициите како што се стјуарди/еси бифе и помлад келнер/ки бараат основно до напредно познавање на англискиот јазик и искуство во угостителството. Заработката на овие позиции се движи од 1.520 евра до 2.132 евра месечно, со дополнителни бакшиш за понапредни позиции како келнер/ес, каде месечната плата може да достигне 3.045 евра.

За оние со кулинарско искуство, понудите се уште поразновидни. Позициите како што се лице кое е на средно раководно место и е задолжено за еден дел од кујната (chef de partie) и асистент во одреден дел од кујната (деми готвач) бараат големо искуство и напредно познавање на меѓународната кујна , а платите се движат од 1.500 евра до 3.350 евра месечно. Пица мајсторите и готвачите на пониски позиции можат да очекуваат и плати од 925 евра до 2.250 евра, во зависност од нивото на знаење и искуство.

Детали на Фактор тука.