Ова е прекрасниот стан на Ана Николиќ: Луксуз од сите страни, но една соба е посебно убава (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Иако поради бројните службени патувања често престојува во луксузни хотели, пејачката Ана Николиќ најубаво се чувствува во својот стан во Белград, во кој посветила големо внимание на уредувањето.

Домот на Ана Николиќ во луксузна белградска населба е вистински рај во кој таа и нејзината ќерка Тара секојдневно уживаат.

View this post on Instagram

A post shared by (@ananikolicofficial)


Имено пејачката го уредила станот во Белград по најнова мода. Преовладуваат белата, розовата и крем бојата, па може да се каже дека е вистински женски рај. Дневната соба е уредена со камин, а најубавото катче во станот дефинитивно е собата на саканата на Ана. Пространата дневна соба е уредена во луксузен стил со кадифено сив мебел и бели дрвени парчиња.

View this post on Instagram

A post shared by (@ananikolicofficial)


Ана често се фотографира во својот стан, па така дозволува на нејзините следбеници да ѕирнат во одредени ќошиња од просторот во кој живее.

View this post on Instagram

A post shared by (@ananikolicofficial)


Едно од нејзините омилени катчиња за фотографирање е пространиот ходник каде целиот ѕид е покриен со огледало, пред кое често позира во необични стајлинзи, по кои е позната. Во станот на пејачката има и катче за вежбање, што сега е составен дел од нејзината рутина. 


Со оглед на тоа што Ана Николиќ успева да остане во топ форма благодарение на редовните тренинзи, пејачката во својот стан има сопствена теретана со сета потребна опрема, па не е чудно што многумина ѝ завидуваат на нејзината витка линија, иако некои сметаат дека изгледа премногу слабо.Целиот стан го направила по нејзин вкус, а едно од најубавите катчиња дефинитивно е собата на нејзината ќерка Тара, за која мајката направила вистинска мала бајка. Насликано небо на таванот, а целата соба во розови тонови наликува на соба на принцеза.