Ова е причината за смртта на Авици

Добивај вести на Viber

„Тој беше нежна, уметничка душа која бараше одговори на егзистенцијални прашања. Беше перфекционист кој сакаше да постигне повеќе отколку што се очекуваше од него“- истакнало семејството на музичарот…

„Многу се мачел со мислите за значењето, животот, среќата. Не можеше повеќе да продолжи понатаму. Сакаше да пронајде мир“ -напишале во изјава родителите на Авици, глумицата Анки Миден (71) и пејачот Томи Корберг и братот, глумец, Антон Корберг (40).

Велат дека на Авици не му одговарало да биде „деловна машина“ каква што станал одеднаш и дека бил чувствително момче кое ги сакало своите обожаватели, но одбегнувал големо внимание.

Странските медиуми тврдат дека родителите и братот на Авици не ја напишале јасно причината за смртта на диџејот за која се смета дека станува збор за самоубиство. Додаваат дека изјавата на изворен шведски јазик укажува на тоа дека музичарот се убил.

Toj беше пронајден мртов во Оман, а имаше само 28 години.