Ова е семејството на Бојан Кариќ, поранешниот сопруг на Карлеуша: А еве зошто се разведоа (ФОТО)
фото:youtube printscreen / instagram
Популарната пејачка Данијела Кариќ во интервју пред извесно време се осврна на бракот на нејзиниот братучед и популарната пејачка Карлеуша, и се присети како завршил.
Пејачката Данијела Кариќ, во интервјуто изјави дека, без разлика што разводот на Јелена и Бојан бил бурен, таа сепак има добро мислење за популарната пејачка. Уште повеќе, таа истакнува дека Јелена Карлеуша била „една од нејзините омилени снаи“.
Како изгледаше Јелена Карлеуша во венчаница од првиот брак: Луксузна до бескрај во Версаче фустан
- Сигурно не се омажила за пари со него, туку се сакале. Има девојки кои за пари сакаат да ни се вклучат во семејството, но Јелена не е една од нив. Одлично се согласував со неа, ми беше една од омилените снаи - изјави Данијела тогаш.
- Карлеуша е многу љубезна и фина личност приватно, секогаш ми покажуваше почит, немам ништо грдо да кажам за неа. Имав убаво мислење за неа и се уште го имам - истакна Данијела Кариќ за Свет, а на прашањето дали другите членови на познатата династија Кариќ ќе ѝ замерат што ја пофалила поранешната снаа, таа одговори:
- Како семејство многу се сакаме и се држиме заедно. Сепак, секој од нас има право на свој став и мислење.
Данијела потсети дека и таа се разведе од Никола Мартиќ и затоа е свесна дека само Јелена и Бојан знаат зошто им пропаднал бракот. Како што објасни таа - очигледно не биле еден за друг.
-Милиони луѓе се разведуваат, тука не гледам ништо чудно. Очигледно не беа еден за друг, бидејќи среќата ја најдоа во новите бракови, таа со Душко, тој со Маша. Мило ми е што и двајцата го најдоа својот пат и љубовта. Премногу помпа се крена околу нивната врска без причина. И јас бев во брак, па се разведов. Сето ова е за луѓе – смета Данијела Кариќ.
Карлеуша и Кариќ се венчаа во 2004 година и беа во брак само три месеци. Нивната разделба е проследена со големо медиумско внимание, а остана запаметена по тоа дека пејачката Бојан наводно го изневери со телохранителот. Карлеуша тоа го демантираше и изјави дека е невистина која има за цел да го уништи нивниот брак.
По краткиот брак, во 2007 година, еден од најбогатите Срби, Бојан Кариќ, чиј чичко е контраверзниот српски бизнизмен Богољуб Кариќ, се ожени со Маша Николиќ, ќерка на познатиот режисер Божо Николиќ и сестра на пејачката Јована Николиќ. Се венчаа во вилата на семејството Кариќ на Дедиње.
Бојан и Маша имаат две деца, близнаците Тара и Теодор.
извор:GLOSSY