Ова е жената која направи сѐ за да ги раздели Харис и Мелина: Убавица која многу личи на сопругата на пејачот
Фото:youtube
Мајката на Мелина Џиновиќ не го сакала Харис за зет
Неодамна како бомба одекна веста дека Мелина и Харис Џиновиќ ставија точка на дводеценискиот брак, кој отсекогаш важеше за еден од најстабилните на јавната сцена. На почетокот нивната љубов не беше одобрена од околината, а со неа особено не се согласуваше мајката на Мелина Џиновиќ, која направи сѐ за да ја убеди ќерка си да се откаже од врската со три децении постариот пејач.
- На почетокот нејзините родители имаа страшен отпор. Посебно поради големата разлика во годините – изјави своевремено Харис во интервју и откри дека на Мелина ѝ било многу тешко.
Мајката на Мелина Џиновиќ е убава како нејзината ќерка
- Се сеќавам дека ѝ реков: „Брзо ќе помине“. Ќе видиш, кога ќе дознаат дека си бремена, сѐ ќе биде поинаку. Баш така беше. Беа луди од среќа што добија внука – откри претходно Харис, посочувајќи дека родителите на неговата сопруга конечно го прифатиле и дека се во одлични односи.
Врз основа на фотографиите може да се каже дека убавината Мелина ја должи на нејзината мајка Елма Галиќ. Мајката на Мелина Џиновиќ е убава како и нејзината ќерка, а исто така е многу млада, а се гледа дека како и нејзините наследници се грижи за својот изглед.