Ова ќе биде најпопуларната боја на кармин за лето 2023: Неутралните нијанси засекогаш излегуваат од мода!
Кажете им збогум на неутралните нијанси на кармин засекогаш
Затворете ги очите и сега замислете колку е топло и дека лежите на лежалка покрај базен или море. Она што не смеете да го пропуштите е ладен сок и некое сочно свежо овошје, на пример, црешни!
За жал, ќе мора да почекаме уште малку до летото, но доброто е што веќе можеме да знаеме кои бои на кармин ќе владеат во следните неколку месеци.
Новиот тренд на TikTok се вика „Cherry Cola Lips“ и веќе има постигнато многу добар број прегледи и позитивни коментари.
Многумина се согласија дека оваа нота од кармин дефинитивно ќе биде број еден!
Со мешање на неколку бои се добива оваа совршена нијанса, но многу дами не се љубители на толку светли тонови. Сепак, како и да е, се чини дека овој тренд ќе ги освои срцата на девојките и ќе ги фрли неутралните нијанси на сјај во заборав.
Погледнете како тоа изгледа во видеото:
@soulsophiamua Ik I’m looking bland rn , if you guys like it on me I’ll retry with some gla #cherrylips #lipcombo #cherrycolalips #trend #makeup original sound - carneyval