Оваа фатална црнокоса е правнука на Тито: Татко ѝ е познат актер, а таа се откажа од презимето поради ова
Правнуката на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито и ќерката на режисерот Саша Броз, Сара Хас, е успешна сценографка. Таа заедно со нејзината мајка работеше на претставата „Случајна средба во продавница за возрасни“, а татко ѝ е исто така од светот на уметноста.
Имено, тоа е актерот Ранко Зидариќ кој многумина го сакаа во серијата „Наша мала клиника“.
Она што ги изненади сите е тоа што Сара го смени презимето и го зеде презимето на нејзината прабаба Херта Хас, за што и јавно проговори.
- Не го земав презимето од прабаба ми само од почит кон неа, туку од почит кон двајца во семејството за кои знам дека им е исклучително драго што барем некој се уште го носи презимето Хас. Менувањето на презимето не е голема промена за мене бидејќи за сите секогаш сум Сара, на крајот на краиштата, не е тешко да се открие која сум“, изјави таа пред неколку години за Јутарњи лист.
ФОТО: Инстаграм