Оваа фотографија е доказ дека секој татко треба да присуствува на породувањето: Ова ќе ви го разубави денот

Добивај вести на Viber

ФОТО: Инстаграм

Многу идни татковци чекаат тоа да биде им биде овозможено...

Секој што ја видел фотографијата од новороденчето како му се насмевнува на својот татко, е тотално воодушевен. И уште еднаш ни се потврди она што сите го претпоставуваме, а мнозинството во нашето општество нема да признае - на раѓањето на детето треба да присуствуваат и двајцата родители. И мама и тато треба да го дочекаат своето потомство во светот - како што е стандард на Запад со децении.

Тоа најдобро го докажува виралната фотографија на која новородено девојче му се насмевнува на татко си, а преслаткиот момент вирално кружи на интернет.

Имено, мајката на Тарсил, Роза Кордеиро е убедена дека малата Антонела го препознала гласот на нејзиниот татко, кој ѝ зборувал секој ден за време на бременоста.

„Кога се роди, ја ставија врз мене да спие. Но, штом ѝ прозборе татко ѝ, таа ги отвори очите и се насмевна. Секогаш ѝ велеше дека многу ја сака. Тој ѝ посакуваше добро утро наутро и добра ноќ навечер. Ме галеше по стомакот и зборуваше со неа. А штом се роди, ја повтори реченицата што ѝ ја кажуваше кога се враќаше од работа: „Здраво душо, тато дојде“, се присети Тарсила.

Таткото Флавио Диего Вилела вели дека се чувствувал убаво кога ќерка му се насмевнувала.

„Мислев дека знам што е вистинска љубов, но немав поим додека не ја видов најискрената насмевка на светот“, рече тој.

Иако знаеме дека бебињата не можат да го контролираат изразот на лицето, не постои родител кој гримасата на бебето во првите денови по раѓањето нема да ја протолкува како насмевка.

И додека во скандинавските земји татковците добиваат можност да ја исечат папочната врвца на бебето, кај нас дури и присуството на таткото при породувањето некаде е инцидент, а СЗО одамна стави крај на пандемијата.

View this post on Instagram

A post shared by Antonella Batista (@antonella.batistta)





View this post on Instagram

A post shared by Antonella Batista (@antonella.batistta)



View this post on Instagram

A post shared by Antonella Batista (@antonella.batistta)



ФОТО: Инстаграм принтскрин