Оваа зима трендсетерките ги носат овие чизми: Комбинацијата на дизајн и удобност одамна не изгледала подобро
Чизмите од брендот со име „Khaite“ се последното парче што го прави зимскиот аутфит беспрекорен
Иако оваа зима има многу избори и модели на чизми, многу модни диктатори и „it“ девојки „паѓаат“ на овој тренди и софистициран модел. Нема сомнеж, чизмите од брендот „Khaite“ се едни од најомилените и најбараните оваа сезона, а искусните љубители на модата можат да ги препознаат веднаш.
Основачот на „Khaite“, Кетрин Холштајн има јасна визија за тоа кој е нејзиниот идеален клиент. „Независна, вистинска њујорчанка, силна, неагресивна жена - дизајнирам за неа“, рече таа на нејзиното модно шоу за пролет/лето 2023 година во септември.
Навистина, некои од највлијателните светски модни жени и „it“ девојки оваа сезона имаат чизми од „Khaite“ во нивните плакари, вклучувајќи ги Бела Хадид и Емили Ратајковски.
Тој пристап и јасно дефинирана цел му донесоа на брендот море од славни клиенти кои живеат за комплетите од кашмир, лежерните чанти и додатоците обложени со кристали - во што беше видена и Ријана претходно овој месец, во впечатлива светкава кошула.
Друг апсолутен хит меѓу верните фанови на овој бренд се секако чизмите. Безвременските модели на брендот, кои исто како и неговите скулпторски мокасини и чевлите на Мери Џејн, обезбедуваат практичност, но и посакувана доза на стил.
„Клиентите на овој бренд бараат чизми кои оставаат впечаток, но и ја обезбедуваат потребната удобност. Таа знае кои се тие и што сакаат“, изјави Кетрин Холштајн за британски „Вог“.
Чизмите се произведуваат во Италија, користејќи материјали од најдобрите кожари што таа земја ги нуди, истакнува Холштајн. Меѓу најпродаваните и најбараните модели се чизмите Далас, Дејвис и Аризона, сите именувани по американските градови и држави.
Сите најпродавани модели имаат тесен четвртаст врв и аголна потпетица, карактеристики кои Кетрин ги има направено како потпис на својот бренд.
„Можете да ги забележите чизмите од „Khaite“ насекаде благодарение на тие суптилни детали и остри линии“, вели дизајнерот, додавајќи: „Ова се типови на стилови што нашите клиенти сакаат да ги носат, а се уникатни за нас - комбинацијата на дизајн и удобност придонесува за успехот на повеќе од овие стилови“, но и на колекциите на чевли воопшто“, објаснува тој.
Како практична дизајнерка, Кетрин ги тестира чевлите и вели дека Хупер, минималистички модел на каубојски чизми, е нејзиниот моментално омилен модел.
Сепак, не треба секогаш да се држите до класиката, понекогаш треба да му дадете одмор на вашиот стил. Така, шефот на „Khaite“ ја посочува ново лансираната верзија на „Davis“ чизми збогатена со кристали, кои се совршени за празничен стајлинг.
Извор: elle.rs