Овошје кое не треба да им го давате на децата пред четвртата година од животот

Добивај вести на Viber

Сувото овошје како кајсијата и грозјето претставуваат опасност за малите деца бидејќи станува збор за овошје кое може да се залепи за грлото и да предизвика проблеми со дишењето.

Токму заради ова, на мајките им се препорачува да ги исклучат од исхраната на децата барем до четвртата година од животот.

Исто така, поради создавање на киселини, како и остатоците кои лесно се залепуваат на забите, лесно доаѓа до нивно оштетување.

Ова предупредување се однесува за децата помали од 4 години, но сепак тоа не го исклучува фактот дека постарите треба редовно да ги мијат забите и да водат сметка за оралната хигиена.