Оздравени уште 45 пациенти од Ковид-19: Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 15 случаи

Во изминатото деноноќие се направени 199 тестирања , а се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, соопшти првиот човек на здравството во земјава, министерот Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа се регистрирани и 45 оздравени пациенти. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19.

„ На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572“, напиша Филипче.