Па дали е можно?! По два завршени, запиша и трет факултет: Секоја чест за мисицата Емилија Розман

Добивај вести на Viber

Поранешната мисица Емилија Розман се пофали со новиот индекс од Природно-математички факултет од Скопје, каде по трет пат се запиша како бручош.

„Бруцош по трет пат. Молекуларна биологија со генетика - Природно-математички факултет. Со лесно нека е“, напиша Розман.


Познато е дека мисицата има завршено два факултети, едниот од нив е на Институтот за дефектологија на Филозовскиот факултет, која диплома ја посвети на нејзиниот починат татко.

Таа е дарителка е на крв од кога знае за себе и несебично помага каде и да стигне. Приватно, има своја цвеќара во која ја внесува целата креативност. Нејзината чесност е во преден план, како и убавината што ја поседува. 

Во 2015 година беше крунисана како најубава Македонка во 2015 година и не претставуваше на изборот за Мис на светот. 

Фото: Фејсбук
РЖМ

„Паднав од 7 метри и скршив 11 ребра, од денес повторно учам да одам и врескам од болки“: Манекенката Емилија Розман ја слави втората шанса за живот која и ја подари Бог