Палачинки без јајца: Потребни ви се само 3 состојки, а ќе ве освојат истиот момент

Добивај вести на Viber

Начинот на подготовка е повеќе од едноставен, а вкусот фасцинантен...

Состојки:

120 милилитри млеко од соја

50 грама освесни снегулки

1 зрела банана

Подготовка:

Во блендер измелете ги овесните снегулки во брашно. Брашното од овес мешајте го со млекото и зрелата банана, додека не добиете смеса која личи на тесто за палачинки. Колку е позрела бананата, толку палачинките ќе бидат повкусни и поблаги.

На загреана тава испржете ги палачинките на вообичаениот начин, а послужете ги со овошје по желба.

Добар апетит!