Паста ла виста бејби: Северина и Јелена Карлеуша на шпагети двобој
Една обична фотосесија знае како да ја направи провокативна и секси и да предизвика коментари и реакции во јавноста.
Хрватската ѕвезда Северина беше прва која вкуси шпагети во црвен сос, за потребите на реклама, облечена во црн долг фустан со длабоко деколте и блексав накит на неа.
Оваа фотографија на социјалните мрежи предизвика позитивни коментари, па на Северина само и потврдија нејзините следбеници колку таа е секси.
Српската пејачка Јелена Карлеуша пак не додржа, а да не ја ископира Северина.
Среде Милано, таа во ресторан порача шпагети, и направи слична фотографија како нејзината колешка. Но разликата е во бојата на шпагетите и изгледот на пејачката.
Карлеуша наместо црвен, одбра бел сос и целосно бел изглед, облечена во класичен тренди бел костум.
Фото: Инстаграм