Патики и бели чорапи: Урбан тренд за девојки со спортски стил
Еден од трендовите што
се издвојува во областа на уличната мода е лежерна комбинација идеална за
градот, а вклучува претежно спортски елементи со ретро работи како тексас јакни
Модната формула која ја сакаат урбаните девојки вклучува патики, чорапи, шапка и краток топ.
Од панталоните, задолжителни се оние од памук или тексас и познатите бицикилистички.
Ако е постудено, тука се задолжителните дуксери, џемпери или „оверсајз“ тексас јакна.
Овој стил претпочита едноставни тонови - бела, црна, сива и беж боја.
Но, гламурната нота овој тренд добива со златен накит, прстени и накит со карики.
Ретро девојките носат бели патики и чорапи на фустан од сатен.
Покрај ранците, овој стил носи предност и на ситните чанти.
Долгите кошули кои делуваат како фустани, исто така, изгледаат одлично со варијанта на патики и спортски чорапи.
Фото: pinterest.com
Можеби ќе ве интересира:
И летово ќе биде тренд број 1: Најженствениот моден додаток