Патничко осигурување од Кроација со покритие за Ковид-19 до 10.000 евра

Добивај вести на Viber

Кроација осигурување го прошири патничкото осигурување со целосно покритие за Ковид-19. Проширената патничка полиса, нуди покритие за трошоци за медицински прегледи од страна на овластен лекар, за тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19, за потребни лекови дадени при вонболничко лекување,за болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репатријација во случај на потврдена инфекција.

„Граѓаните имаат потреба да патуваат и да се чувствуваат безбедно и сигурно каде и да одат дури и во услови на пандемија, а ние како компанија во тоа ја вложивме целата нашата експертиза и искуство на осигурителниот пазар. Овозможивме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде осигуреникот престојува. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања”, велат од Кроација осигурување.

Патничкото осигурување со Ковид-19 од Кроација е достапно како индивидуално или семејно и важи за патувања во земјите од Европа, Египет, Турција и Русија. Со јасно и прецизно дефинираните услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Сите подетални информации за понудата се достапни на линкот.