Пејачот Ацо Пејовиќ се скрши кога ја прегрна девојката чиј живот го спаси пред 10 години: „Ти си тоа бебе...“
Пејачот Ацо Пејовиќ се скрши кога ја прегрна девојката чиј живот го спаси пред 10 години: „Ти си тоа бебе...“
Алмира имала само 4 месеци кога Ацо Пејовиќ ги посетил неа и нејзиното семејство
Ацо Пејовиќ пееше синоќа, во Витез, кога на сцената во еден момент излезе малата Алмира Патковиќ.
Станува збор за девојка за чие лекување Ацо платил пари пред една деценија. Организаторите на концертот ја донесоа како изненадување на Пејовиќ. Кога пејачот ја видел, не можел да поверува. Ја прегрна цврсто, ја подигна, а потоа и ја бакна раката.
- Не го очекував ова... Ме расплака. Да си жива и здрава, срце мое! Срцето ми е толку полно кога ќе те видам. Не ни знаев дека си бебето што го држев... - рекол Ацо.
Девојката му донесе и симболични подароци, меѓу кои и слика.
Да потсетиме, Алмира имаше само 4 месеци кога Ацо Пејовиќ ги посети неа и нејзиното семејство. Потоа ѝ требаше операција на дебелото црево.
Фото и Видео: Youtube