Пекари им даваат на вработените по 1.000 евра, причината ќе ве расплаче

Добивај вести на Viber

Вишеслава (44) и Миломир (46) Мијаловиќ имаат пекара во Земун, која со години нуди можност бремените жени да ја купат познатата Ивањичка пита со компир за само еден динар, а сега им нудат на своите вработени 100.000 динари ако добијат дете. Овие хумани потези беа поттикнати од нивната лична борба - Мијаловиќ се обидуваа да добијат дете цели 18 години, додека не го добија својот Среќко.

- Осумнаесет години и 240 дена, како што смета мојот маж, се обидувавме да добиеме дете. И потоа, по петте вештачки оплодувања, забременив и сега нашиот Среќко има четири години - раскажува Вишеслава Мијаловиќ за српски Блиц.

Нејзиниот сопруг Миломир дојде до идејата, кога таа конечно останала бремена, секоја бремена жена до 18-тиот роденден на Среќко да добива пита од Ивањички компир за симболичен еден динар. Зошто токму овој вид, а не некоја друга пита? Мијаловиќ потекнуваат од Ивањица, а таму растат најдобрите компири, објаснува Вишеслава.

- Идејата беше да понудиме колку што можеме. Пекарата се наоѓа во близина на здравствениот центар, а многу бремени жени минуваат тука. На првиот роденден на Среќко, на 18-ти септември 2015-та година, на сите бебиња кои беа родени во болницата во Земун, им дадовме ваучери од 5.000 динари, а на мајките, се разбира, компири - раскажува оваа хумана жена, потсетувајќи се дека тогаш дарувале на 7 мајки.

- Плаќаме кирија и живееме како подстанари, но ајде да помогнеме колку што можеме. Немаме ништо, излегуваме од долгови и кредити. По петтото вештачко оплодување во Прага, јас останав бремена. Веќе и се откажав, бидејќи најголем проблем секогаш беа парите, но мојот сопруг е оптимист, тој постојано велеше- ајде повторно да пробаме - вели сега среќната мајка.

Сега целта им е да заработат и да обезбедат сопствен стан за Среќко.

Вишеслав нагласува дека нивната желба да им дадат 100.000 динари на идните родители, вработени во нивната пекара, не се поради реклама, туку навистина сакаат да имаат потенцијални родители.

- Бидејќи ја отворивме пекарата во 2007-ма година, имавме осум, девет бремени жени кои работеа кај нас, додека јас се уште не бев бремена. Ми беше многу тешко- признава Вишеслава, и раскажува дека освен нејзиниот сопруг и таа, моментално има три продавачки и двајца мајстори во оваа пекара.

Дека долгo ги следи лоша среќа потврдува и фактот дека на денот кога требале да патуваат во Прага за петтото инвитро оплодување кое било успешно, починал таткото на Вишеслава, единствениот од семејството кој никогаш не го запознал Среќко.


Фото: Приватна архива

Извор: Блиц.рс