Пеколен шопинг: Купила панталони, па доживеала хорор - Сцената била ужасна, имала рани како изгореници

Повеќето жени уживаат во шопинг и купување нови работи. Сепак, никој не очекува дека работите ќе тргнат наопаку, а уште помалку да ве изгорат новите панталони?!

Токму тоа и се случило на една жена од Крагуевац, која се здобила со изгореници од носење нови панталони.

„Купив нови панталони, ги исправ, ги испеглав и облеков. Не бев дома 8 часа. После можеби еден час почувствував печење на нозете, но не можев да се пресоблечам. По неколку часови пешачење чувството на печење се претвори во болка. Кога се вратив дома едвај ги соблеков панталоните. Сцената беше ужасна. Имав рани,како изгореници! Веројатно поради материјалот што ми ја изгоре кожата поради сонцето и топлина, а панталоните се купени во „проверена“ и нималку евтина продавница“, вели дамата која снашла оваа незгода.



Фото: Фреепик/Фејсбук