Пелистерка – општествено одговорна компанија
Повеќе од 65 години, македонската компанија Пелистерка води грижа за своите потрошувачи односно пријатели но и за своите вработени. Низ годините, научивме дека за да бидеш лидер мораш многу да работиш, но и да придонесуваш. За подобро општество, поубава иднина, подобро утре. Токму во тој правец, беше насочено и нашето работење. Имено, минатата година, Пелистерка се запиша како првата македонска компанија која што своите рекламни кампањи ги приспособи и за лицата со оштетен слух. И тоа беше само почеток. Во иднина ќе се стремиме, се она што сакаме да им порачаме на нашите потрошувачи да стигне до сите маргинализирани групи граѓани. За жал, се уште живееме во општество во кое на маргините има многу групи. Немоќни сме одеднаш сето тоа да го промениме. Но можеме да направиме чекор, кој што во иднина ќе го следат и останатите македонски компании.
Она што сакаме да го потенцираме е дека сите овие активности, се само последица на нашето работење во последните десетина година. Како македонска вода со европски број која што се извезува во сите соседни земји, земјите од Европска Унија но и Америка, Австралија а од годинава и Кина, искуствата од европските и светските пазари, се обидуваме да ги имплементираме и овде. Во светот компаниите со традиција, со квалитет, со ресурси, со знаење, несебично вложуваат во општеството од каде што потекнуваат. Затоа и ние, се трудиме и за наша среќа успеваме да бидеме одговорни кон нашето македонско општество.
Тања Панделеска - Маркетинг директор на Пелистерка, ја прими наградата на Story, за Пелистерка како општсетвено одговорна компанија
Сезонава, компанијата ќе се фокусира кон уште една категорија на наши потрошувачи, и со тоа полека но сигурно ќе ја заокружиме приказната за тоа дека нашата палета на производи е погодна и здрава за целото Ваше семејство. Затоа и мотото под кое што работиме оваа година е За здрави одлуки. Вода, здрав живот, одговорност кон себе, кон другите, кон оштеството, се ова се здрави одлуки кои што ќе придонесат за нови здрави генерации.