Пелистерка освежи повеќе од 2.400 дами на Женска трка
Македонската компанија Пелистерка, со својот производ негазирана вода и годинава беше официјален пијалок на повеќе од 2.400 дами кои што ги поминаа и стартот и целта на Женска трка, која што се случи вчера во главниот град на Република Македонија. Освен за рекреација, здравје и забава, овие дами трчаа и за да го свртат вниманието кон Снежана Караџовска, која што има силна желба повторно да прооди.
„Ова очигледно е омилената трка на македонските дами. Прекрасно е да се видат толку многу насмеани, расположени и подготвени жени, мајки, сопруги, студентки, средношколки, тетки и баби на старт. И годинава Пелистерка беше нивна поддршка. Од старт до финиш се дружеа со нашата негазирана вода. Припадничките на понежниот пол кои што годинава трчаа во рекорден број, ја пренесоа пораката за заедништво, сплотеност и грижа еден за друг. Ние како компанија, вложуваме максимални напори да се грижиме за нашите потрошувачи односно пријатели, за вработените, за општеството, за околината. Сакаме да бидеме пример и за останатите македонски компании, за конкуренцијата, генерално за сите. Еден не може се, но сите заедно можеме навистина многу“ – изјави Тања Панделеска, маркетинг директор на Пелистерка.
Години наназад, најпродаваната македонска вода Пелистерка, е горд поддржувач на македонскиот спорт. Освен што ја гаси жедта на рекреативните тркачи и професионалните маратонци, Пелистерка кон крајот на минатата година промовираше и мобилна апликација преку која ве потсетува колку вода пиете во текот на денот но и Ве информира за спортските настани и културните случувања во државата.