Пензионерските денови на Роџер Федерер се чист гламур: Шета низ Париз, седи до Ана Винтур и изгледа неверојатно (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Роџер Федерер присуствуваше на Париската модна недела со сопругата Мирка, а по тој повод седеше до познатата Ана Винтур

Модната недела во Париз е во тек, а по тој повод се појави и Роџер Федерер придружуван од сопругата Мирка. Парот присуствуваше на ревијата на модната куќа Шанел, а по тој повод седнаа покрај познатата Ана Винтур и филмскиот режисер Баз Лурман.

View this post on Instagram

A post shared by Socrates (@socratesdergi)


Инаку, минатата година Роџер Федерер реши да се пензионира и по тој повод ја доби титулата еден од „најбогатите пензионери“. Се чини дека тивкиот живот му одговара бидејќи Роџер изгледа неверојатно згодно, одморено и задоволно додека се шета во сив костум со бела кошула.

Мирка носеше бело-црна долга јакна и изгледаше крајно скромно додека седеше во првиот ред за време на ревијата.

View this post on Instagram

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)


Да потсетиме, Мирка е со Роџер од почетокот на неговата кариера, додека кариерата како професионална тенисерка ја запостави. Таа роди четири деца и секогаш се трудеше да оди на сите турнири со Роџер. Се чини дека и денес се неразделни.

Извор: stil.kurir.rs