Перо Антиќ со демант за тепачката со бившиот на Катерина Ивановска: „Тој лик не постои во мојот живот“

Перо Антиќ се огласи по наводната тепачка со поранешното момче на поранешната девојка Катерина Ивановска.

Наводен скандал се случил викендов во познат скопски клуб, а како што пренесуваат медиумите главните актери биле поранешните партнери на манекенката Катарина Ивановаска, Цобе со кој има две деца и Перо Антиќ. Наводно, по кратко препирање, Цобе фрлил шише и чаша кон Перо, но наместо него, погодил трето лице, по што реагирало обезбедувањето и Антиќ, наводно, бил избркан од клубот.

По ова, на својот Инстаграм профил се огласи Перо кој кажа што точно се случило таа вечер.

За потсетување, Перо и Катарина долго време се криеа од јавноста, но неколку месеци откако се појавија на неколку јавни неколку настани, ја прекинаа врската.

Перо од бракот со Ружица има три сина, додека Катарина од врската со Цобе, две деца.

Фото: Инстаграм