Пет години без Есма Реџепова: Животната приказната на кралицата на ромската музика го кине срцето
Ќе остане запаметена по моќниот глас, но и по хуманитарната работа!
Пејачката Есма Реџепова почина на денешен ден во 2016 година на 73-годишна возраст и зад себе остави наследство како малку други!
Родена е во Македонија во 1943 година, како петто од шест деца. Нејзиниот татко ја изгубил ногата во бомбардирањето во 1941 година, а Есма му помогнала на достоен начин да заработи за пристоен живот за семејството. Тој бил чистач на чевли, а малата Есма работела дополнително, носела млеко, чистела станови...
„Детството ми беше многу тешко, но го користев како големо училиште. Всушност, како дете ја чувствував потешката страна на животот. Додека многумина растеа безгрижно, јас работев разни работи, носев млеко, чистев станови, го чував кучето на познатиот скопски д-р Ципушев, а парите што ги заработував ги трошев економски. Го обожавав киното, па со своите заштеди купував билети. Се борев против предрасудите во општеството, секогаш морав да се докажувам некому, но како што може да се види, се исплати, му благодарна сум на Бога за тоа“, рече кралицата на ромската музика во една прилика.
Дека воопшто не ѝ било лесно сведочи изјавата што таа ја даде во едно интервју.
„Кога луѓето во семејството се сакаат, сиромаштијата не е тешка. Најтешко ми беше кога започнав прво одделение и кога сите ме нарекуваа „Циганка“. Никој не сакаше да седи со мене на клупа. Тогаш првпат сфатив дека сум поразлична од другите деца, а тоа ми беше најтешко“, рече Есма.
Имала само 10 години кога започнала да пее, а на 13-годишна возраст победила на музички натпревар каде се сретнала и со Стево Теодосиевски, познат хармоникаш и водач на оркестар. Тој побарал дозвола од родителите на Есма да им се придружи и да настапи со нив на турнеја. Со согласност од родителите, девојчето започнало професионално да се занимава со музика и да настапува со оркестарот на многу места, а подоцна и низ целата планета. Стево бил нејзин учител, пријател и соработник.
Со текот на времето, од пријателство се родило љубов, па Есма се омажила за Стево, кој бил 22 години постар од неа. Тие немале свои деца, но им помагале на другите деца. Посвоиле дури четириесет и седум момчиња, кои ги образувале, главно се занимавале со музика и настапувале во нивниот оркестар „Теодосиевски“. Есма ги одгледала сите свои синови и се грижеше финансиски за нив. По големиот број синови, таа посвоила и девојче.
Својот живот го имаше посветено на песните и хуманитарната работа, a тоа го правеше со толку многу љубов и успех, што двапати беше номинирана за Нобелова награда! Првиот пат во 1987 година како кандидат на Југословенскиот црвен крст, а вториот пат на иницијатива на Светската организација на Ромите. Познато е дека таа со сите сили се бореше за подобар статус на Ромите во светот.
Во 1976 година, во Гандинагар, Индија, беше прогласена за кралица на ромската музика, што ѝ даде голема мотивација да работи и да создава неуморно. Таа зад себе остави повеќе од 580 уметнички дела, кои вклучуваат над 100 синглови, 20 албуми и шест филмови.
Фото: Youtube/screenshoot/RTV KLAN/Nikad nije kasno