„Пет пати ме умревте, еднаш помен не ми дадовте“ – Откако го умреа, па го воскреснаа, Џамбазов им се обрати на оние кои му посакаа смрт

Добивај вести на Viber

„Пет пати ме умревте, еднаш помен не ми дадовте. Ќе почнам да се лутам“, со овие зборови пејачот, актер и шоумен, Игро Џамбазов им се обрати на неговите злобни следачи кои пред извесно време „го умреа“.

Шокантна лажна објава дека македонскиот актер починал ја вознемири јавноста и предизвика лавина коментари. За тоа до каде на некој му заминал умот да помисли, а не па да напише и јавно да објави ваква информација.

По објавата на социјалните мрежи Џамбазов му даде соодветен одговор на објавувачот: „Ќе почекаш малку пријателе. Само што изедов два чизкејка. Тешко дека бргу ќе се умира“.

Ваквата објава никој нема да остави рамнодушен, па ни Игор. Затоа посвети објава за оваа ситуација: „Македонијо моја. Што се’ немаш ти родено. Понекогаш ми е многу жал за тебе… Жив сум дечки, по обичај. Кога ќе бидам за умирачка, на стори ќе ставам. Без гајле.Систер,Татјана Џамбазова полека сфаќам зошто си замина од тука…“ – стои во објавата на Џамбазов.

Фото: Инстаграм