Петар Грашo го откри полот на бебето: Очекува уште едно дете со 14 години помладата сопруга - „Приновата ќе пристигне ова лето“

Добивај вести на Viber

Пејачот Петар Грашо (48) чека второ дете со својата избраничка Хана Хуљиќ, која е 14 години помлада, а сега го откри и полот на детето.

Имено, тој откри дека летово ќе добие син, додека во 2022 година станаа родители на девојче на кое и го дадоа името Алба.

Грашо раскажа и како се чувствува Хана во моментов.

„Како е Хана? Како и секоја трудница. Еден ден јаде кроасани, другиот ден не сака кроасани. Потоа еден ден мојот парфем и мириса одлично, следниот ден е ужасен. Претпоставувам дека така треба да биде. Тоа е во ред“, изјавил за In Magazine.

За малата Алба откри: „Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. Таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјавил пејачот.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs