ПЕТРА: Значење на името и какви се оние кои го носат
Женското лично име Петра е едно од најпопуларните имиња на денешницата, а припаѓа на старите и таканаречените „библиски“ имиња, а се смета дека потекнува од машкото име Петар.
Името Петра првично доаѓа од старогрчкиот јазик („Πετρα"), и се смета дека има свои варијанти и на латински и на шпански и дека неговото потекло и значење делумно може да се објасни кога името ќе се „преведе" со овие две јазични групи.
Во грчкиот јазик името е изведено од сложенката „Петрос“, како и од неговата машка варијанта, а има исто значење како и името Петар.
Имено името Петра преведено од грчки јазик значи „камен“, а името Петра, добиено од латински или шпански, го има истиот „буквален“ превод.
Во „преведеното“ значење, Петра е „жена силна како карпа“; „решителна“; „цврста“; „непоколеблива“; „жена со силна волја“; „жена борец“.
Извор: znacenjeimena.net