,

Писмо од наставничка: Родители, знаете ли што ми кажуваат вашите деца кога ќе се вратат во клупите по празниците?

Се ближи Новата година, а родителите наскоро ќе почнат да трчаат по продавниците барајќи го идеалниот подарок за своите малечки. Но, дали мора да биде така?

Веќе извесно време на интернет кружи писмо од наставничка со порака до родителите - поентата на празникот не е во она што е под елката, туку во она што е околу неа. И гласи вака:

„Драги родители,
Знам дека во овој период од годината чувствувате притисок да создадете совршен и магичен Божиќ за вашите дечиња. Знам дека сакате вашите деца да ја почувствуваат магијата на Дедо Мраз и тој да ги донесе најдобрите подароци за нив, а тоа понекогаш значи стрес за вас, затоа и го пишувам ова. Да ви откријам една тајна. Ви пишувам да ви кажам дека вашето дете секој јануари, кога ќе се врати на училиште, ми раскажува за божиќните празници.
Децата ми кажуваат за деновите кога сите сте биле дома заедно и сте гледале телевизија.
Ми кажуваат за пешачењето во најголемиот студ за да стигнете до нивното омилено место за храна.
Ми кажуваат како биле кај баба им и колку биле возбудени кога сте дошле по нив после работа.
Ми кажуваат како ги оставате да се гушкаат со вас во кревет.
Ми раскажуваат кога сте играле карти, си отишле на викенд па сте заборавиле пешкир.
Ми кажуваат за тоа кога сте отишле кај пријатели да ја дочекате Новата година и сте им допуштиле да останат будни до полноќ.
Ми кажуваат како им се допаѓало да бидат во пижами по цел ден.
Спомнуваат и подароци, но за нив, Божиќ ве претставува вас, вашата љубов, вашето време, рутини и безбедност.
Вие сте нивните омилени подароци!“
извор:zelenaucionica