Пижама парти за Божиќ: Вака Васил Гарванлиев го прослави празникот во Чикаго-во друштво на партнерот и пријателите

Добивај вести на Viber

Во друштво на партнерот и неколку пријатели, ланскиот македонски евровизиски претставик Васил Гарванлиев го прослави Божиќ викендов во Америка.

„Совршен почеток на крајот на годината заокружувајќи неверојатна година. Љубов. Смеа. Семејство. Музика. Радост. Ви посакуваме на сите здрави празници и нова година“, е пораката која Васил ја испрати преку социјалните мрежи, постирајќи неколку фотографии од божиќната ноќ во Чикаго.

View this post on Instagram

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)



Васил пејачот кој е еднакво успешен во поп и во оперското пеење, го живее својот сон во Чикаго. Среќен е со Џејсон, американски невропсихолог, за кој во неодамнешното интервју ни раскажа дека е љубовта на неговиот живот и негов најдобар пријател. Неговата одлука да гради кариера далеку од дома, и неговиот емотивен избор го поддржала и мајка му, која неодамна го посетила во Чикаго, а во Струмица си заминала среќна, поради среќата на синот. Од мајка си, тој го добил најголемиот благослов.  За Женски магазин, Васил ги ракажа деталите за новата песна, пораката која ја носи и љубовната приказна со Џејсон. Ни испрати и фотографии на кои го покажа својот нов дом од времето на посетата на мајка му, во кој тој и Џејсон живеат со три миленици.




Од мајка ми добив благослов за Џејсон: Васил Гарванлиев искрено за партнерот со кој живее во Чикаго и новата песната „Ритам“


ФОТО: Инстаграм