Плаче таткото, плаче и синот: Милош Биковиќ првпат јавно откри како се снаоѓа во улогата на таткото на малиот Василије
Родителството понекогаш не е лесно, а актерот сега го виде тоа и самиот...
Актерот Милош Биковиќ неодамна стана татко, а во неколку наврати неговата избраничка Ивана Малиќ сподели детали со бебето на кое парот му дадоа името Василије.
Неодамна и Милош покажа како го поминува времето со својот син, а неговата фотографија на која е гол до половината предизвика бурни реакции кај голем број негови следбеници на социјалните мрежи.
Сепак, тој досега не зборуваше во јавноста за улогата на татко во која се најде, но сега тоа се промени. Имено, Милош решил своето родителско искуство да го сподели со остатокот од светот.
- Па, во таа улога човек се реализира додека е жив. Се надевам дека цел живот ќе се исполнувам во таа улога. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега се сѐсведува на плачење, што мое, што негово - изјавил Биковиќ за „Блиц“.
Првата фотографија на Биковиќ со синот Василије, собра нд 255 илјади лајкови и исто така илјадници коментари.
Додека актерот зборувал за синот, лицето му изгледало среќно и насмевката не можел да ја тргне од лицето. По се изгледа Милош ужива во оваа негова нова животна улога.
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs