„По 10 години брак и 3 деца, ја дознавме вистината – најлошиот кошмар“: Направив ДНК анализа, а реалноста ме удри како чекан по глава

Добивај вести на Viber


По повеќе од 10 години брак, Селина решила да го истражи своето семејно стебло и да направи целосна ДНК анализа која и ги покажала сите нејзини роднини. Не анализирала премногу во своето семејно стебло, сепак случајно дошла до неверојатно сознание – била во роднинска врска со нејзиниот сопруг Џозеф!

„Се омажив за мојот сопруг во 2006 година. Имавме три деца, а потоа дознавме дека сме братучеди“, напиша таа во вирална објава на TikTok која е прегледана над 4,4 милиони пати!

„Моите деца и мојот сопруг се моето сè и го надминавме ова. Сите наши деца имаат 10 прсти“, додаде таа.

Селина вели дека моментот кога дознала бил „погубен“, но од друга страна, тоа не ги променило нејзините чувства, вели дека уште повеќего сака својот сопруг и дека не и пречат негативните коментари и сугестии од јавноста дека треба да се разведе.

@qkintribe #CapCut Whats a soulmate - csbyeol

„Направив ДНК тест во 2016 година и тоа беше поразително. Му реков на мојот сопруг: „Душо, ние сме во роднинска врска. Дали воопшто треба да бидеме заедно? Ова е чудно“. Сето ова навистина ме исплаши. Се забавувавме четири месеци пред да се венчаме, никогаш не се ни посомневавме во оваа можност додека не направивме ДНК тест“, објасни таа во едно од нејзините видеа на TikTok.

„Нема да дозволам крвната врска да го уништи она што го создадовме, ова прекрасно семејство. Тој сè уште е и секогаш ќе биде моето сè“, додаде таа.

Сопружниците обично се соочуваат со море од осуди и критики, при што корисниците на TikTok ги нарекуваат „одвратни“. Селина истакна дека никогаш нема да биде под влијание на она што другите го мислат.

„Не го знаевме ова и нема да се разведеме поради тоа. Замислете да им кажам на нашите деца дека повеќе не сме заедно поради туѓото мислење. Не, благодарам, ние засекогаш ќе останеме братучеди, сопружници и љубовници, рече таа.

Фото:screenshot