По 16 години манекенката Билјана Ѓ. Анѓушев повторно се сретна со Мис Бразил во Њујорк: Она што се случи потоа, беше неверојатно (ФОТО)
Некогашната наша манекенка и тв водителка Билјана Ѓоргиовска која речиси една деценија живее во Америка, сподели
една пријатна случка со своите следбеници. Имено, Билјана по цели 16 години се
сретнала со некогашната Мис Бразил во Њујорк каде поминале цел ден заедно
разговарајќи на многу теми.
Воодушевувањето од оваа средба не го криеше па сподели неколку моменти но и фотографии од 2007 година кога и двете биле дел од меѓународниот избор за Мис Туризам во 2007 година.
- Ох мој Боже... За сите, ти сти Мис туризам, за мене си пријателка, Не можам да поверувам, колку надреално изгле да се сретнам со тебе по 16 години, откако и двете присуствувавме на „Miss Tourism Queen International“ во 2007 година во Кина. Како да беше вчера. Но, се уште ја имаш истата убавина внатре и однадвор... Беше прекрасно да го поминам денот со тебе, кога ќе биде следната средба? Толку многу разговаравме и толку многу направивме заедно, напиша Билјана.
А еве како изгледале манекенките некогаш и како изгледат по 16 години погледнете во продолжение:
Фото:Facebook