,

По 20 години брак, сопругот на Наталија не знаел кој број на чевли носи, ниту каква храна сака: Таа стави крај на тоа и направи нешто на што жените се восхитуваат

Наталија Рејли направи нешто на што многу жени се восхитуваат.

Таа смисли детален прирачник за нејзиниот сопруг наречен „Запознај ја сопругата“ за да си олесни себеси и нему во купуваењето подароци и донесувањето одлуки.

Во прирачникот таа детално пишува што сака, кој број на чевли носи и каков е нејзиниот став за некои работи. Со ова таа стави крај на маките на нејзиниот сопруг, прашувајќи ги сите овие работи одново и одново, секојдневно.

Таа го покажа овој „изум“ на TikTok, а многу жени ѝ се восхитуваа. Во краток клип, таа покажува како прирачникот содржи информации за нејзината омилена храна и со што ја сака пицата.

- По 20 години заеднички живот, мојот сопруг се уште не можеше да се сети што сакам да јадам на пица, ниту кој број на чевли носам, ниту имињата на некои членови од моето семејство - објасни Наталија (40) од Аризона.

Како што додава, тоа не значи дека не ја сака, туку дека едноставно не се сеќава на некои детали.

-Ми покажува на многу начини дека ме сака. Затоа му направив книга која ги содржи сите информации што му се потребни за да носи одлуки, без секогаш да ми ги поставува истите прашања – вели таа.

Во видеото таа покажа и прирачник во кој се што сака е напишано според тези.

- Кога нарачуваме пица, сега може да ја прелиста книгата и да види како ми се допаѓа. Убаво пишува дека сакам и крцкави крилца и еве една напомена дека сакам само сос од сино сирење како додаток. Има и категорија какви чевли сакам, кој број носам и слично – изјави таа.

Луѓето во коментарите почнаа да сугерираат кои категории може да ги додаде и ја советуваа да почне да ја продава оваа книга бидејќи ќе им послужи и на други жени.

ВИДЕО:

извор:najzena