По 26 години се роди четворка: Три момчиња и едно девојче донесоа радост во домот на Зикови од Штип

Добивај вести на Viber

Три момчиња и едно девојче, вчера донесоа радост во домот на брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип.

Бебињата се родени на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост.

Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба. По цели 27 години Штип повторно доби четворка. Првата била во 1997 година.

Фото:freepik