По барање на публиката Врчак се врати и сними песна со ДНК: „Посреќна“ доби и спот со кадри од Белград

Панчо и Андреј од дуото ДНК, по пауза од 15 години повторно снимија заедничка песна со Врчак.

Пенста е насловена „Посреќна“. Музиката е на Панчо и Лазар Цветковски, додека текстот е на Панчо и Врчак, а како модел во спотот снимен во Белград се појавува моделот Елена Ѓоргоска.

Во кадрите од спотот се појавува и Врчак во друштво на Елена при што разменуваат нежности.

Досега спотот на ДНК и Врчак собра 31 илјада прегледи на Јутјуб.


Фото: Јутјуб принтскрин