По масакрот во Газа: Теа Таировиќ го промени името на песната „Израел и Палестина“

Добивај вести на Viber

Пејачката Теа Таировиќпред 6 месеци го објави мегахитот „Израел и Палестина“, но поради масакрот во Газа во кој беа убиени повеќе од 11 илјади луѓе, одлучи да го смени текстот на песната.

Од ПР-секторот на Теа Таировиќ, на прашањето како Теа ќе го смени текстот на песната „Израел и Палестина“, го откриваат новото име на песната:

- По секој албум Теа снима ремикс на сите песни, како што е веќе познато, а истото ќе го направи и со „Балерина“. Во недела ќе излезе ремиксот на албумот „Балерина“ во кој ќе се најде и изменета верзија на песната „Израел и Палестина“. Името на новата верзија во ремиксот ќе биде „Шпанија и Аргентина“ - изјавија од нејзиниот сектор за односи со јавноста, а на прашањето дали Таировиќ имала негативни коментари или закани поради текстот на споменатата песна, тие одговорија:

- Таа немаше непријатности, освен што имаше многу негативни коментари на социјалните мрежи. Јасно ви е дека не ѝ паднало на памет дека може да дојде до ваква војна и ескалација на конфликтот до вакви размери, а во изминатите 70 години се појавија уште две песни со иста тема, но не беа забележани како онаа на Теа.

Фото:screenshot