По навршени 48 години Златарна Целје на нова локација

Добивај вести на Viber

Од Градскиот Трговски Центар на само стотина метри е новата локација на Златарна Целје на улица Никола Вапцаров бр. 15, спроти Министерство за правда.

Златарна Цеље има традиција повеќе од 170 години, во производство на накит со врвен квалитет и атрактивен дизајн за сите генерации. Златарна Целје е сопственик на марките ЗЦ и Lencia и има богата понуда на: прстени, обетки, венчални прстени, нараквици, ѓердани, накит за деца, 24 каратно инвестициско злато и други парчиња од 14 каратно и 18 каратно жолто, бело и розово злато како и најквалитетно сребро. ЗЦ нуди широка лепеза на рачни часовници марката Lencia.

До почетокот на Првата светска војна ЗЦ била најголемото претпријатие од оваа врста во Австроунгарската монархија.

Своето денешно име ЗЦ го добила после Втората светска војна во 1950 година и оттогаш накитот на мајсторите од Цеље станува познат и признат во целиот свет. Накитот на ЗЦ денес е присутен во Словенија, Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија во повеќе од 100 продавници.

Мисијата на ЗЦ е изградена на добро познатата традиција, квалитет и дизајн што се заедно чини препознатлив бренд. Примарната цел на ЗЦ е задоволен купувач, а нејзините принципи се традиција, врвен квалитет, рачно изработен накит и препознатлив дизајн.

Почувствувај се посебно!