По пошта му ја врати бурмата на првиот сопруг, нејзиното вистинско име е сосема различно: 5 факти за Меган Маркл кои не сте ги знаеле
Животот на Меган Маркл е повозбудлив од кој било филм.
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл го прослави својот 42-ри роденден.
Иако пошироката јавност ја знаеше од улогата во серијата „Suits“, откако стапи во врска со принцот Хари, таа не престанува да биде на насловните страници на странските медиуми.
Таа се омажи за принцот Хари во 2018-та година, а нејзиниот престој во британското кралско семејство предизвика бројни скандали и контроверзи.
Уште поголема врева во медиумите предизвика Мегзит, моментот кога Меган и Хари решија да се повлечат од своите кралски обврски и да започнат соло патување со своите деца.
Лошите односи со Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, документарната серија „Хари и Меган“, а потоа и автобиографијата на принцот Хари „Резерва“ дополнително ги заладија односите меѓу Хари и Меган со остатокот од кралското семејство.
Војводата и војвотката од Сасекс моментално уживаат во Монтесито со нивните деца Арчи и Лилибет, а иако многумина зборуваат за потенцијален развод, тие двајца не го објавуваат тоа.
Ви претставуваме 5 помалку познати факти за Меган Маркл кои можеби не сте ги знаеле:
Нејзиното вистинско име не е Меган
Меган Маркл стана глобално популарна благодарение на американската серија „Suits“ во која го толкуваше ликот Рејчел Зејн.
- Рејчел и јас сме многу слични: амбициозни, лидери и секогаш се обидуваме директно да се справиме со проблемите - изјави таа за „MarieClaire“.
А сличностите меѓу нив не завршуваат тука, бидејќи и двете го делат истото име.
Актерката всушност е родена како Рејчел Меган Маркл, но го користи своето средно име.
Почнала да се занимава со јога на 7-годишна возраст
Меган често може да се види како носи простирка за јога под раката, практика во која се впуштила на 7-годишна возраст благодарение на нејзината мајка Дорија Рагланд.
- Јогата е моја работа - изјави Маркл за „Best Health“ во 2016-та година.
- Мојата мајка е инструкторка по јога, а јас почнав да се занимавам со јога со неа кога имав 7 години.
Студирала два смера во исто време
Студирала два смера во исто време на Универзитетот Нортвестерн каде дипломирала театар и меѓународни односи.
За време на последната година, работела во Американската амбасада во Аргентина.
- Знаев дека сакам да глумам, но ја мразев идејата за клише - девојка од Лос Анџелес која одлучи да биде актерка. Сакав повеќе, и отсекогаш ја сакав политиката, па завршив со целосно менување на мојата насока и двоен смер театар и меѓународни односи.
Зад себе има еден брак
Во 2004-та година, Меган го запознала својот прв сопруг, продуцентот Тревор Енгелсон.
Тие се забавуваа шест години пред да се венчаат во Јамајка за време на четиридневната свадбена прослава на плажа.
Не долго потоа, Меган го напушти Лос Анџелес за да ја сними нејзината револуционерна улога во Торонто.
Анонимни извори тврдат дека врската на далечина на почетокот на нивниот брак придонела за нивниот развод во 2013-та година.
Сепак, по само 18 месеци брак дојде до развод, а како што објавија медиумите Меган и Тревор се разведоа поради „непомирливи разлики“.
Меган наводно го завршила бракот „од ведро небо“, а бурмата и вереничкиот прстен му ги испратила на сопругот по препорачана пошта.
На почетокот на врската со Хари, тие се преправаа дека се странци
На почетокот на нивната врска, таа и принцот Хари се преправаа дека се странци на состанок.
Пред да станат славна двојка, принцот Хари и Маркл се обидуваа да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста.
- Убавината е што првиот пат кога Меган и јас договоривме таа да дојде и да остане кај мене, се сретнавме во супермаркет во Лондон и се преправавме дека не се познаваме, си праќавме СМС.
Извор: glossy.espreso.co.rs