По првото слушање ќе ги потпевнувате стиховите на „Небо диво“: Слушнете ја новата песна на Наталија Данаилова (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Наталија Данаилова, македонската поп пејачка, која публиката ја запозна од музичкото натпреварување „Македонски идол“ ја промовираше својата нова песна, насловена како „Небо диво“. Истата ќе биде дел од нејзиниот нов студиски албум, ко полека, но сигурно го подготвува со својот тим.

По двете успешни фестивалски приказни на Макфест со „Не крши ме“ и Охридски трубадури со „Вреди ли“ во 2021, песни кои во изминатиот период се вртеа на македонските радио станици, но и кои публиката ги бара на нејзините настапи, Наталија реши да им подари вистински пролетен хит на поддржувачите на македонска музика.

Дека тимот кој победува не се менува, говори и фактот што на оваа песна работеше веќе докажаниот тим со кој Наталија соработува одамна - Весна Малинова музика и текст, а за аранжманот на овој хит се потпишува Илија Ќосевски.

„Небо диво“ доби и видео приказна, за која беше задолжен Ѓорѓи Вецев, кој има соработувано и со многу други македонски пејачи.

- После доброприфатената „Вреди ли“ и сите позитивни критики и емитувања на радио станиците, решивме дека ќе се движиме во тој правец. Сакавме на публиката да ѝ дадеме еден брз ритам, среќа и висока вибрација. Не се откажувам од баладите кои можеби се мое обележје, но сметам дека по годините кои ги поминавме во страв и затворени дома, си должиме да се радуваме на животот и да танцуваме“ - посочи Наталија за Женски магазин.

Веруваме дека стиховите од новиот сингл на пејачката која воодушевува со својот глас ќе ви влезат во глава од прва, а спотот за истиот може да го погледнете во продолжение:


И.М.