По речиси две децении поминати во брак, Љубомир и Ирена Фрчковски се разведуваат: „Точна е информацијата, ве замолуваме за приватност“
По речиси две децении крај на љубовта ставија Професорот Љубомир Фрчкоски и неговата сопруга Ирена. Како што пренесуваат медиумите, тие се разделиле спогодбено и се во коректни односи.
Одлуката ја донеле заеднички, и во име на времето поминато заедно, одбрале достоинствено да се носат со оваа одлука и заеднички да се грижат за синот и ќерката.
Фрчковски кој е шеф на Мисијата на Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, ќе породолжи да живее во Америка, додека пак Ирена која е правничка по професија останува во Скопје.
-Точна е информацијата за разводот, ние остануваме во коректни односи во интерес на децата, и замолуваме да се почитува нашата приватност – изјавила Фрчкоска, за Фокус.
На Фрчковски ова му беше втор брак.
Инаку, Љубомир е универзитетски професор по меѓународно јавно право и политички теории, а во периодот од 1992 до 1997 година беше министер без ресор, министер за внатрешни и министер за надворешни работи, исто така му беше и надворешен советник на претседателот Борис Трајковски.
Фото:Инстаграм/ИренаФрчковска