По романтична прошетка во Цирих, на зимување во Австрија: Водителката Александра ужива со семејството

Добивај вести на Viber

Водителката на утринската програма на Канал 5 Телевизија, Александра Пановска Илиевска со семејството ужива во познат зимски центар во Австрија.

Таа објави фотографија со сопругот, нејзината ќерка Сара и друштвото со кое заедно уживале во зимските лудории и прошетки.

Александра изминатите неколку денови споделуваше фотографии од прошетките низ Цирих, Швајцарија.

На Денот на вљубените, таа ја објави оваа фотографија и напиша: „Мојот сопруг и јас не го славиме Денот на вљубените, ја славиме нашата љубов секој ден“.

Фото: Инстаграм