По сообраќајката во болница дозна дека е бремена: Како денес изгледа познатата Жаде од „Клон“

Бразилската актерка Џована Антонели, позната како Жаде од некогаш популарната серија „Клон“, снимаше серии сѐ до 2012 година, кога реши да се повлече од јавноста.

Нејзиниот приватен живот е секогаш интересен за медиумите. Со актерство почна да се занимава кога имала само 14 години. Нејзиниот татко е исто така актер, а мајката е танчарка. Атрактивната актерка има и постар брат, адвокат. Во 1997 година се омажи за својата љубов од средношколските денови, публицистот Рикард Медина, но се разведоа четири години подоцна, кога Џована веќе беше во врска со колегата од „Забранета љубов“, Мурлио Бенисио. 

На крајот од 2004 година, таа заврши во болница поради сообраќајна несреќа, за која ги обвини папараците што секогаш ја следеа. Токму кога беше хоспитализирана, актерката дозна дека е бремена. 

На прес конференцијата која потоа ја организираа, таа и Мурлио изјавија дека очекуваат бебе. Синот Пјетро е роден во Рио на 24 мај во 2005 година. Две години по раѓањето на детето, Џована и нејзиниот партнер сепак се разделија.

Набрзо потоа, актерката по трет пат се омажи, за режисерот Леонард Ногерија, а нивните близначки, Антониа и Софија се родени на 8 октомври во 2010 година. Во март годинава, Џована наполни 43 години. Веќе подолго време се занимава со продукција, и понатаму изгледа одлично, како што сите ја паметат. 

Џована со партнерот, Леонард Ногерија