Актуелно // Insta вести
По тешка сообраќајна несреќа, остана парализиран на долните екстремитети: Сите сме му потребни на Томислав од Битола
По тешка сообраќајна несреќа, 35 годишниот Томислав
Ивановски од Битола остана парализиран на долните екстремитети. Тој помина тешка
година на рехабилитација надвор од Македонија но тоа не беше доволно,затоа треба да
го продолжи своето лекување во Турција и потребни му се средства бидејќи третманот со матични клетки е доста скап.
Инаку, кобниот 1-ви септември 2021 година, одејки накај работа Томче доживува тешка сообраќајна несреќа, во која се здобива со тешка повреда на грбот чиј исход е парализа на долните екстремитети. По макотрпна борба и лекување, семејството има потреба од дополнителна парична помош.
Инаку Томче е сопруг и татко на две мали девојчиња, а нивната најголема желба е тој да оздрави.