По три спонтани абортуси, го прашав Бог - Зошто: Потресна исповед на познатата пејачка

Добивај вести на Viber

Кантри пејачката Кери Андервуд имала три спонтани абортуси во само две години. Таа го потврди ова во една прилика за Би-Би-Си. Во тие мигови била многу повредена и лута за сè низ што поминува во животот.

- Плачев и се прашував зошто останував бремена, ако не можам да имам дете. Се лутев на Бога и му реков или да ми дозволи да имам дете или нека ја затвори вратата. Тоа беше прв пат кога искрено му кажав што мислам и како се чувствувам. Тоа беше во саботата, а во понеделник отидов на лекар, очекувајќи дека повторно ќе ми кажат како сум имала спонтан абортус. Но, се беше во ред - изјави 36-годишната пејачка, која со нејзиниот сопруг Мајк Фишер има тригодишен син.

Кери размислувала и да посвои дете. Многу од луѓето ја пофалија нејзината намера, но сепак имаше и такви кои ја критикуваа.