„Победа на целото нанесено зло“: Се огласи мајката на Боки 13 и му честита роденден

Добивај вести на Viber

„Да се биде мајка е една од најсветите и најодговорни задачи на овој свет, благодарна сум што сум ја добила задачата да бидам мајка на Бојан. Неговата специфичност, неговиот индивидуализам, неговата енергија и дух се она што мене ме прави дополнително одговорна, а во исто време ме прави и најгордата мајка на овој свет со сето бреме кое го поминуваме заеднички сите овие изминати години !

Денеска Бојан полни 37 години, позади него се безброј премрежја и неправди, а пред него му посакувам пред се здравје, нови предизвици и победа на целото нанесено зло !

Среќен роденден Бојан !

Те сакаме со цело срце“

Да потсетиме, Бојан е сеуште во затвор и ја одлежува затворската казна.