Победата во „Survivor“ 2023 година ја извојуваа две жени! Антониа Ивиќ и Наташа Кондиќ си одат дома со пехарот!

Добивај вести на Viber

„Ако спортот беше религија, јас би ја избрала таа религија во животот“

Финалето на „Survivor“ ( „Преживеан“), пропратено со возбуда, напнатост и неизвесност до самиот крај, покажа дека престижната титула им припадна на две жени - Антонија Ивиќ од Загреб од синиот тим и Наташа Кондиќ од Нови Сад од црвениот тим. Натпреварувачите се соочија со најтешките предизвици досега, тестирајќи ги нивните физички граници, ментална сила и емоционална издржливост. Во синиот тим Антонија играше против Денис Свиличиќ, а во црвениот Наташа против Ања Андрејиќ.

Во огненото финале што го отворија Антонија и Денис, Денис го освои првиот поен, но Антонија го израмни веќе во второто коло кога освои бод и израмни. Во драматичната игра, на крајот, Антонија беше подобра со резултат 4:3.

Неизвесно беше до самиот крај и во првото коло во пресметката меѓу Ања и Наташа, а на крајот повеќе бодови зеде Наташа, која славеше на крајот на првата игра со резултат 4:3.


На натпреварот на вториот полигон, откако веќе имаше освоени три бода, во четвртото коло на Антонија ѝ излезе коленото во жарот на играта, но таа сама успеа да го намести и да освои уште еден бод во последната рунда. Тој победнички поен ѝ ја донесе титулата единствена преживеана во синиот тим, а покрај фантастичните спомени, дома си однесе и трофеј и парична награда.

„Мамо, многу ми е мило што можам да се вратам дома“, се пошегува Антонија и го продолжи победничкиот говор: „Им благодарам на луѓето што ме поддржаа. Колку и да се зборува дека „Survivor“ е индивидуална борба, без мојот тим што го сретнав овде немаше да победам. Сакам сите деца што го гледаат ова да излезат од својата куќа и да почнат да спортуваат. Тие ќе бидат благодарни и среќни поради тоа. Ако спортот беше религија, јас би ја избрала таа религија во животот. Мојата цел во животот е да го промовирам психофизичкото здравје“.

На вториот полигон победата ја извојува Наташа во црвениот тим. Искрено, навивав за тебе“, ѝ рече Наташа на својата натпреварувачка Ања по добивањето на трофејот.

„Шокирана сум. Никогаш не сонував за ова. Кога се пријавив, сите веруваа во мене, освен јас самата. Со ова сфатив дека треба да верувам во себе и дека навистина можам. Горда сум на сè што поминав во „Survivor“ и мојот личен „Survivor“ затоа што двете најголеми љубови на светот ги оставив дома. Во длабочините на душата знаев дека мајка им ќе ја донесе наградата дома“, изјави Наташа.

Извор: novatv.dnevnik.hr