„Победив и еве сум, славам нов роденден“: Лила ужива со блиските пријатели во Италија (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Лила Филиповска го прослави 52-от роденден во Италија во друштво на најблиските пријатели. Таа објави и видео како го помина роденденот, а она што остави посебен впечаток е пораката која ја напиша под објавата на својот Инстаграм профил.

-На никого не му е гајле за твојата приказна сѐ дури не победиш. Победив и еве сум, славам нов роденден. Зошто јас го сакам животот и животот ме сака мене, и максимално уживам во него! И дава Бог да знаете, треба само да посакате … да посакате со чисто срце. Во моето срце има место за вас драги пријатели кои сте со мене сите овие години и оние кои ме држеа цврсто за рака кога беше најтешко !!! Да сме живи и здрави и само љубов, напиша Лила.



Фото: Инстаграм