Познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски, почина на 67 годишна возраст. Веста ја пренесе Фокус.мк откако истата била потврдена од актерот Сашо Тасевски.
Сега за сега не е позната причината за смртта. Инаку, Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично